„Пет години лаги – доста ни е“ Легендарниот Роналдо минува низ пекол: Не можел ни да сонува дека ќе доживее вакво нешто!

Навивачите на шпански Ваљадолид бунтуваа против сопственикот на клубот – легендарниот Бразилец Роналдо.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња стана сопственик на шпанскиот клуб во 2018 година и им вети на навивачите дека Ваљадолид има светла иднина.

Сепак, работите не одеа како што планираше. Ваљадолид моментално е во втората лига и катастрофално ја стартуваше новата сезона, тие се наоѓаат на поразителната 18-та позиција на табелата.

Навивачите се бесни, организираа протести пред стадионот и бараат Бразилецот да го напушти клубот.

,,Оет години лаги. Ние сме на работ на бездната и доста ни е”, велат револтираните навивачи.

Роналдо сè уште не објавил ништо за тоа.

Интересно е тоа што Роналдо го купи бразилскиот Крузеиро во 2021 година и веќе има вложено 70 милиони евра во овој клуб, што дополнително ги налути навивачите на Ваљадолид.