Милан ѝ подари песна на Јелена поради болеста на мајка му! Сите детали од односот на Карлеуша и Станковиќ, таа беше тука за него кога никој друг не беше (фото)

Ненадејната соработка помеѓу Јелена Карлеуша и Милан Станковиќ, кој на поп дивата и’ ја подари песната „Лудило“, привлече големо внимание во последните недели.

Досега манастирскиот живот на Милан беше предмет на бројни контроверзи и она што малкумина го знаат е дека пејачот се посветил на религијата поради болеста на неговата мајка. Како што пишуваат српските медиуми, во тие моменти најголема помош му пружила Јелена Карлеуша, која поради болеста на мајката на Дивна имала најдобри контакти со лекарите кои таа ги повикала да и’ помогнат на мајката на Станковиќ да закрепне.

Милан и Јелена се познаваат долго време, а уште повеќе се зближиле кога Карлеуша му помогнала:

– Милан и Јелена се во контакт со години. Уште во 2010 година требаше да ја снимат „Инсомнија“, но тогаш Саша Поповиќ не го дозволи тоа бидејќи Карлеуша имала лоши односи со „Гранд“. Дури и подоцна, кога таа беше во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а тој во „Ѕвездите на Пинк“, тоа не беше изводливо, па се откажаа од идејата за соработка – вели изворотот и продолжува:

– Многумина не знаат дека Милан се сврте кон религијата кога мајка му Милена се разболе од тешка болест, а Јелена беше таа што му понуди помош и несебично ги сподели со него лекарските контакти и начините за лекување на лошата болест. Цело време биле во контакт, а тој во знак на благодарност и’ ја подарил песната „Лудило“. Таа инсистирала да му ја плати но тој не сакал. Станковиќ мислел дека тоа е мал знак на внимание и „благодарам“ за cè што направи за него – изјавил за српаките медиуми добро информиран извор.

Уште кога се појави на сцената, Милан Станковиќ привлече огромно внимание со својот физички изглед, музичкиот израз, но и приватниот живот. На врвот на својата популарност, тој се повлече од јавниот живот и се посвети на религијата, а како што се шпекулираше, имал намера да се замонаши. Јавноста беше изненадена кога тој се најде и на списокот на автори на новиот албум на Јелена Карлеуша, а музичката ѕвезда на неодамна одржаната промоција проговори за песната „Лудило“ и за соработката со ексцентричната пејачка:

-Со оваа песна Милан на вистински начин и на големо се врати на сцената. За мене тој е еден од најталентираните млади пејачи и сигурно ќе се случи дует во иднина. Ова е само комбинација на неверојатна сличност во енергиите и во менталитетот, а можеби и лудило, како што се нарекува песната. Музиката за песната ја добив подарок од Милан – изјави тогаш ЈК.