Зошто не се претпочита јадење банани наутро

Ако веќе не сте го направиле појадокот приоритет во вашата дневна рутина, можеби треба да започнете. Сепак, важно е што јадете наутро, а што избегнувате.

Некои студии покажаа дека јадењето здрав појадок може да ви помогне да добиете повеќе основни хранливи материи за денот од оние кои прескокнуваат утрински оброк.

Бананите се популарен избор за појадок бидејќи на многу луѓе им се брза, па го јадат што ќе најдат што е можно побрзо. Сепак, нутриционистот Дерил Џофру смета дека бананите треба да се избегнуваат наутро – пренесува The Mirror .

Бананите се полни со калиум и витамин Б6, но тие се без холестерол и сол и нема да ве одржуваат со енергија во текот на денот.

„Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тие на почетокот ќе ви дадат енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни“, му рече Џофро на Бирди во 2019 година.

Доколку сепак сакате да ги јадете наутро, експертот препорачува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува серија студии кои откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќер во крвта.

На прво место, треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.