Погледнете го домот на Анастасија и Гудељ во Севиља: Сè е украсено со вкус! Пејачката го покажа љубовното гнездо а нејзиниот миленик е хит (фото)

Анастасија Ражнатовиќ се омажи за фудбалерот Немања Гудеља, со кој живее во Севиља. Пејачката и фудбалерот заедничкиот живот, по големата свадба, ќе го продолжат во овој познат шпански град, каде што веќе се преселија.

Анастасија денеска покажа како ужива во нивниот дом, со својот миленик, персиска мачка, која ја обожава.

Ражнатовиќ и’ запеа прекрасна балада на својата мачка, додека мачката имаше намуртено лице, што ја насмеа пејачката од срце.

Во видеото можеме да видиме и дел од нивната дневна соба во Севиља која е во бели тонови и минималистички стил.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ,, се венчаа во манастирот Ражиновац во близина на Белград.

На тајната и интимна церемонија присуствувале само 10-те најблиски луѓе.