Канадскиот блогер за храна Гај Хобеика стекна популарност со своите видеа во кои пробува храна од целиот свет.
Така, на ред дојдоа ќебапите, сармата и ајварот, кои Гај ги нарече „српска храна“.
Мислам дека е мала земја во близина на Русија“, рече тој на почетокот на видеото. Прво проба „српски ќебапи“ и лепче. „Вкусот е одличен. 8/10“, рече тој, а потоа го вкуси „лебчето со мајонез“.
„Игнорирајте го, ова е некој вид јогурт и е вкусен. 7/10“, рече тој.
Потоа дојде сармата која ја јадеше со кинески стапчиња за јадење. Пробал и ајвар, кој според него има вкус на кечап, а особено му се допадна урнебесната салата која ја оцени со 9.
Видеото собра преку 700.000 коментари, но на многумина не им се допадна поради очигледното непознавање на храната и нејзиното потекло.
Инаку, Гај на TikTok го следат над милион луѓе, а досега пробал храна од Франција, Белгија, Мексико, Бразил и многу други земји низ светот.