Поддршката на ЕУ за Северна Македонија продолжува и на политички и на економски план до полноправно членство

0

Поддршката на ЕУ за Северна Македонија продолжува и на политички и на економски план до полноправно членство.

Премиерот Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој во пресрет на одржувањето на 30тиот Министерски состанок на ОБСЕ е во Скопје.

На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот Маричиќ, како и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Гир, се разговараше за актуелности поврзани со европските аспирации на Северна Македонија, за реформскиот напредок во клучните области и за политичките состојби во земјава.