Од утре од 13.00 до 15.00 часот домаќинствата ќе имаат дневна евтина тарифа за електрична енергија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски синоќа најави дека од утре од 13.00 до 15.00 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија. Евтината дневна струја ќе биде достапна за околу 200.000 домаќинства што имаат смарт броила. За останатите потрошувачи, оваа поволност ќе се вклучува постапно во текот на декември, заедно со читањето на струјомерите, информираа денеска од Електродиструбиција, фирма-ќерка на ЕВН.

Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.