,,Подобро ќе одам гола отколку…” – Во екот на скандалот со Душко, Карлеуша продолжува со провокативни пораки! Јавноста повторно се вознемири (ФОТО)

Поп дивата Јелена Карлеуша и нејзиниот сè уште официјален сопруг Душко Тошиќ повторно се во центарот на медиумски скандал по инцидентот што се случи во семејната куќа на Тошиќ на Дедиње, кога Карлеуша во саботата рано наутро го пријавила поранешниот фудбалер дека физички ги нападнал неа и нејзината пријателка, на што реагирала и полицијата.

По немилиот настан, Јелена кажа дека решила да не се огласува во јавноста за тоа, а сега на својот Инстаграм сподели фотографија на која е целосно гола, а долгата руса коса и’ ги покрива интимните делови и сето тоа во борбата против носењето животинско крзно.

Јелена Карлеуша

,,Претпочитам да одам гола отколку да носам крзно“, пишува на фотографијата.

Инаку, Карлеуша престана да јаде месо и да носи животинско крзно пред шест години, кога почна да ја следи работата на организацијата „Пета“. Таа потоа даде збор и очигледно го одржа.

„Откако почнав да ја следам Пета, престанав да јадам месо и да носам крзно. Тоа е прв чекор, мал, но е чекор кон подобро човештво. Следното нешто што ќе направам е да најдам начин да избегнам користење на животинска кожа, да престанам да јадам риба, јајца и млечни производи“, напиша таа на својот Твитер профил пред неколку години.

Да потсетиме, за инцидентот во семејната куќа на Дедиње зборуваше и самиот Тошиќ, кој ја изнесе својата страна од приказната за нападот на неговата сопруга Јелена и нејзината пријателка. Тогаш со полициски алкотест беше утврдено дека фудбалерот има 0,8 промили алкохол во крвта. На прашањето на еден од следбениците на социјалните мрежи дали навистина ја удрил Јелена и ја влечел за коса, Душек даде шокантен одговор:

– Не, секако не ја ни допрев… Таа сè намести – напиша Тошиќ, кој подоцна го избриша својот одговор од Инстаграм.