Познат Јутјубер му дал 10.000 долари на келнер кој долетал во САД за да го запознае

НАЈПЛАТЕНИОТ ЈуТјубер во светот, MrBeast, му подарил на француски келнер актовка со 10.000 долари затоа што се согласил да лета од друг континент само за да го запознае. Виралното видео го погледнале речиси 50 милиони луѓе.

Неговиот пријател, инфлуенсерот Џек Инан, шеташе по улиците на Париз и прашуваше странци дали го следат MrBeast. Повеќето луѓе не знаеле за што зборува, сè додека не седнал во ресторан и го поставил истото прашање на келнерот, кој рекол дека е обожавател на Јутјуберот.


После тоа веднаш добил понуда да лета во САД за да може да се сретне со него, на што се согласил. MrBeast го поздрави со парично изненадување. „Ја сакам оваа земја“, изјавил келнерот откако ги добил парите.

Да потсетиме, популарниот Јутјубер неодамна им помогна на илјада слепи да видат и ги воодушеви луѓето со овој благороден чин. Еден корисник на Твитер тогаш пресметал колку го чинело тоа – приближно пет милиони долари.