Полска побара од НАТО да распореди американско нуклеарно оружје на нејзина територија, објави денес премиерот на државата, Матеуш Моравјецки.
„Сè повеќе апелираме до целото НАТО да учествува во програмата за нуклеарно споделување“, порачува тој, поради фактот што Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Според него, нуклеарното оружје мора да биде распоредено во Полска што е можно поскоро, пишуваат полските медиуми.
„Најпрво ова треба да биде одлука на нашите американски партнери, партнери од НАТО. Најавуваме дека сакаме брза акција“, нагласува Матеуш Моравјецки.
Програмата „Нуклеарно споделување“ им овозможува на САД да го пренесат своето нуклеарно оружје во земјите на НАТО доколку се појави потреба од тоа.