Наставник нападнал колешка во прилепско училиште

52-годишна наставничка во училиште во прилепската населба Тризла пријавила дека била физички нападната од нејзин колeга, соопшти МВР.

– На 29.06.2023 во ОВР Прилеп Г.Н.(52) од Прилеп пријавила дека додека била на работно место во училиште во населба Тризла во Прилеп, била физички нападната од нејзиниот колега М.Р, информира полицијата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.