“ТОЈ БИЛ ВИП ЧЛЕН НА ВАГНЕР!“ – Во Кремљ ова никој не го очекуваше – ‘Генерал Армагедон’ му помогнал на ‘готвачот’ да го организира бунтот кој го ‘уништи’ мачо-имиџот на Владимир Путин!

Според документите до кои имале пристап новинарите на CNN, рускиот генерал Сергеј Суровикин попознат како „Генерал Армагедон“ бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер и затоа имал личен матичен број во групата на Евгениј Пригожин.

Да потсетиме, Сергеј Суровикин не е виден во јавноста од саботата и не се знае каде е сега. Странските медиумски агенции јавуваат дека тој завршил во притвор. Претходната вечер, официјален Кремљ одби да одговори на новинарските прашања за тоа што се случило со еден од најдобрите руски генерали.

Кога новинарите го прашале портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дали може да ја разјасни ситуацијата со Сергеј Суровикин, тој на кратко изјавил: „Не, за жал не. Ви препорачувам да го контактирате Министерството за одбрана, тоа е негов домен“.

Сергеј Суровикин е одликуван командант на руските воздухопловни сили и го доби прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата безмилосна тактика за бомбардирање на градовите во Сирија

На крајот на минатата година тој беше назначен за командант на руските вооружени сили во Украина, но накратко потоа на негово место дојде началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.