Филмот со Џеки Чен најгледан на Нетфликс: Возење по автопатот на смртта (ФОТО/ВИДЕО)

Снимен во 2018 година, но поради различни проблеми во постпродукцијата, дури неодамна стигна до последната фаза

Филмот „Hidden Strike“ со 37 милиони часови гледаност во јули е најгледаниот филм на Нетфликс.  

Главните улоги во филмот ги толкува Џеки Чен и Џон Сина. Двајцата се во улоги на поранешни војници на специјалната единица, на кои им претстои нова задача.

 

Филмот ги следи хероите од приказната во мисија да ги придружуваат цивилите по еден од најопасните патишта во светот, наречен Автопат на смртта.

Низа неочекувани пречки и предизвици

Автопатот на смртта ги води низ Багдад и тие мора да го пренесат својот цивилен товар до Зелената зона. Сепак, низа неочекувани пречки и предизвици ќе се обидат да ги спречат во тоа.

Филмот првично беше снимен во 2018 година, но поради различни проблеми во постпродукцијата, дури неодамна стигна до последната фаза.