– Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од 1 ноември до денеска учествуваше на Деветтиот симпозиум на високо ниво во организација на Кинеската академија на општествени науки од Пекинг, на тема „Соработка во нови околности: Статус кво и аспирации”.
Како што информираат од Кабинетот на поранешниот претседател, во своето излагање Иванов се осврна на годинашниот јубилеј 30 години од воспоставување на дипломатските односи и 30 години пријателство со Народна Република Кина.
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BE%D0%BF%D1%88HdevK/C1EUC2ef7/small.webp?use_watermark=0)
-Од воспоставувањето на дипломатските односи Народна Република Кина има обезбедено за Македонија преку 325 милиони јуани помош за образование, медицинска нега, научни истражувања и други области. Трговскиот баланс е со константен трговски дефицит за Македонија. Во 2022 година остваривме извоз од 57 милиони долари, а увезовме стока во износ од 994 милиони долари. Кина е четврта земја по ред со која Македонија остварува најголем обем на размена со светот, а веројатно наскоро ќе биде и трета, порача Иванов.
За време на симпозиумот поранешниот претседател Иванов оствари средби со претседателот на кинеската академија за општествени науки Гао Џианг, како и со дел од своите поранешни колеги Борут Пахор, поранешниот претседател на Словенија, Младен Иваниќ, поранешниот претседател на претседателството на Босна и Херцеговина и Иван Мркиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Република Србија.