Портпаролот на турското Претседателство, Калин, за нападите врз Куранот во Европа

Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека палењето на светата книга Куран во Европа не е настан што треба да се занемари и дека слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности.

Калин на својот профил на социјалните мрежи за нападите врз Куранот во Шведска и Холандија напиша:

„Палењето на светата книга Куран во Европа не е настан што треба да се занемари; Провокација на неколку фанатици, не треба да претеруваме и да го рекламираме. Дозволувањето на ова е нормализирање на злото. Тоа е ублажување на злосторствата од омраза. Тоа претставува заштита и награда на фанатизмот.

Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Како што систематските напади врз симболите на другите вери, знамиња на други земји и личните права се земаат сериозно, Европа мора да преземе мерки и против нападите врз исламот.“