ПОЧИНА ЖЕНАТА НА КОНЦЕРТ НА КАЛИОПИ: Брзата помош се обидела да ја реанимира, пејачката во солзи

Жената на која вечерва и се слоши на концертот на Калиопи во салата на МТС за жал почина.

Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

На несреќната жена која има околу 70 години и е извршена реанимација, но безуспешно

И Калиопи надвор од себе поради несреќата што се случи на нејзиниот концерт, а во тек е евакуација на публиката од салата.