Почина модниот дизајнер Саша Видиќ – бил примен во тешка состојба, приклучен на РЕСПИРАТОР, еве што ја предизвикало смртта на познатиот креатор

0

На 52-годишна возраст почина познатиот српски моден дизајнер и стилист Саша Видиќ, објавија српските медиуми.

Како што неофицијално дознава Курир, Видиќ доцна синоќа бил донесен во тешка состојба и веднаш приклучен на вентилатор . Според изворите, станува збор за септичка состојба и поради тоа е констатирана смрт поради кардиореспираторна инсуфициенција , а дефинитивната причина се уште не е позната.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска , извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.