Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов, објави дека телекомуникациската кула на Водно е во „завршна фаза“.
Кулата треба да биде висока 155 метри, што ја прави околу два и пол пати повисока од Милениумскиот крст во чија непосредна близина се гради. Изградбата почна во 2013 година, а според проектол тоа е „посебен антенски систем за контрола на радиофреквенции“. Кулата требаше и да биде атракција и обележје на градот.
Лани во јули, работите на кулата ја загубија динамиката поради спорот што настанал меѓу инвеститорот и изведувачот од една страна и Град Скопје од друга страна.