Првата жртва на невремето во Србија: Младиќ загина во сообраќајна несреќа кај Смедерево, автомобилот му се излизгал поради снег
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи на улицата Горанска кај „Југов“ во Смедерево.
Според неофицијални информации, станува збор за млад човек, а до сообраќајната несреќа дошло по судир на патничко возило и камион цистерна.
Истрагата е во тек, полицијата е на лице место, а сообраќајот е во прекин. Станува збор за стариот смедеревски пат кој води до Белград.
Поради обилните врнежи, потсетуваме, сообраќајот се одвива отежнато речиси во сите делови на Србија, а се сомнева дека причина за оваа страшна несреќа е лизгањето поради снегот.