Помошта за жителите на Газа ќе биде доставена со воени авиони во соработка на Министерството за национална одбрана на Туркије и турската Дирекција за управување со катастрофи и итни состојби
Првиот авион со хуманитарна помош, кој Туркије го испрати за цивилите во Газа, слета во Египет.
Информацијата преку соопштение објавено на платформата X ја потврди турската Црвена полумесечина.
Во соопштението се наведува дека во авионот се наоѓа хуманитарна помош што е обезбедена за Газа со поддршка на турските граѓани.
Помошта за жителите на Газа ќе биде доставена со воени авиони во соработка на Министерството за национална одбрана на Туркије и турската Дирекција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД). Трт Балкан