Премиерлигашите согласни: Ако Сити е виновен треба да биде исфрлен во Чемпионшип

Клубовите од Премиерлигата очекуваат Манчестер сити да добие сериозна казна доколку се докаже дека е виновен за прекршување на финансиските правила.

По четиригодишна истрага „граѓаните“ вчера беа обвинети за прекршување на преку 100 правила на Премиерлигата во периодот од 2009 до 2018 година, кои најмногу се однесуваат на финансирањето на клубот и спонзорските договори. Сега судбината на Сити е во рацете на независна комисија која треба да го разгледа случајот и да донесе конечна одлука.

Премиерлигашите се согласни дека клубот треба да биде исфрлен од англиската елита доколку биде прогласен за виновен. Има многу шпекулации со какви казни се соочува Сити, од забрана за трансфери, одземање бодови, одземање на шампионските титули од претходните 10 сезони, финансиска казна, исфрлање во понизок ранг и забрана за играње европски натпревари на подолг период.