Претседателски избори на Кипар

0

Над половина милион граѓани со право на глас, денеска во Република Кипар одбираат претседател во првиот круг од претседателските избори.

Кандидирани се вкупно 14 лица, што според кипарските медиуми станува збор за рекорден број кандидати на претседателски избори во земјата.

Гласачките места се отворија во седум часот утрово, гласањето ќе трае до 18 часот со пауза од еден час, а право на глас имаат и Кипраните кои живеат во странство.

Согласно анкетите и истражувањата на јавното мислење, спроведени пред изборите, тројцата кандидати што добиваат предност се претседателот на централно десничарската партија ДИСИ Авероф Неофиту и двајцата независни кандидати Никос Христодулидис, кој е поранешен шеф на дипломатијата и Андреас Мавројанис, поранешен амбасадор.

За да се избере претседател во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да добие 50 + 1 отсто од гласовите. Во спротивно, двајцата кандидати кои ќе добијат најголем број гласови ќе се соочат во вториот круг, следната недела.