Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро (ДПЛ)
– Нуркачите од САЕ „Тигар“ во 19:12 часот го пронајдоа телото на удавениот штипјанец и го извлекоа на брегот, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.
-Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција, стои во информацијата од МВР.
Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во потрагата учестувувале ТППЕ и СВР Струмица, а и припадниците на граничната полиција,кои трагале со чамец. Од 16:00 часот нуркачкиот тим, со две возила и пет лица, од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и гранична полиција Дојран со двајца полицајци и 1 чамец и ПС Гевгелија со 6 полицајци. Пред крајот на денот било пронајдено телото на давеникот.
Несреќата се случи денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило.