Четири лица убиени во напад врз шиитското светилиште „Шах – Чераг“ во Иран

 – Четири лица ги загубија животите денеска во напад на шиитско светилиште во Иран, објавија државните медиуми. 

„Најмалку четири лица се убиени во терористички напад на двајца вооружени мажи врз светилиштето „Шах – Чераг“ во Шираз, град јужно од Техеран“, наведе агенцијата ИРНА.

Агенцијата Тасним јави дека двајца вооружени напаѓачи прво се обиделе да влезат во храмот, а потоа отвориле оган врз посетителите.

Еден од напаѓачите е уапсен, додека вториот избегал. 

Ниту една вооружена група се уште не ја презеде одговорноста за нападот.