Произведени 18.669  MWh електрична енергија, целосно задоволени домашните потреби

Во текот на вчерашниот ден произведени се 18.669  MWh електрична енергија со што целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Како што информираа денеска од Владата, во термоелектраните произведени се 14.189 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.480 MWh.