ПРОСЛАВАТА НА НОВАК ЗА КОЈА ЗБОРУВА ЦЕЛА ПЛАНЕТАТА! Ѓоковиќ покажа што му ја „донесе“ победата, камерата мораше веднаш да го тргне кадарот (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако по тричасовна битка го совлада Андреј Рубљев.

Уште еднаш до израз дојде менталната сила на светскиот рекет број еден, како и храброста во одлучувачките моменти. 

Повторно толпата го исвирка и го испровоцира, но тој им одговори на спектакуларен начин.

Како што победуваше, тој славеше, покажувајќи кон својот тим во правец на препоните и извикуваше: „м**а“.

Камерата мораше брзо да ја смени рамката по тешката победа на српскиот играч, кој не значеше ништо лошо на сметка на многу добриот противник.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Григор Димитров, кој претходно во саботата го победи Стефанос Циципас.