Протест на штипските пензионери за линеарно зголемување на пензиите

0

 Штипските пензионери и денеска излегоа на протест на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Соња Арсова член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите информираше дека на 5 декември заминуваат во Скопје, протестот ќе биде пред Собранието на Република Северна Македонија, а пензионерите од сите градови ќе маршираат и до просториите на Здружението на пензионери. Арсова вели сега се надеваат дека актуелната претседателка ќе ги удостои со средба, а не како претходниот пат, кога затекнале кордон од полиција.

-За Скопје тие што ќе одат на протестот да си земат стари чевли, сандали, кои ќе ги оставиме таму како симбол на едно време, вели Арсова.

Пензионерите порачаа дека и понатаму остануваат на барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.