Путин во февруари ќе посети земја членка на НАТО, прв пат по 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција следниот месец во ретка странска посета на земја на НАТО, се вели во соопштението на Кремљ.

Јуриј Ушаков, главниот советник на Путин за надворешни работи, за Интерфакс изјавил дека „посетата се подготвува“.

Тој ја објасни и целта на посетата.

„Можам да кажам дека украинските прашања веројатно ќе бидат еден од главните теми на преговорите“, додаде Ушаков.

Иако се уште не е објавен точниот датум на посетата, се шпекулира дека ќе биде на 12 февруари.

Иако е клучна земја на НАТО, Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган служат како редок дипломатски мост меѓу Кремљ и неговите западни ривали.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Анкара ја поддржува Украина со испраќање воени материјали, но одбива да се приклучи на западните санкции против Москва.

Турција се позиционира како посредник меѓу двете нации и беше домаќин на две рунди мировни преговори во Анталија и Истанбул во 2022 година.

Турција исто така беше клучна во Црноморската иницијатива за жито, која привремено го олесни извозот на земјоделски производи од јужните украински пристаништа во услови на руската поморска блокада.

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец, Ердоган рече дека Анкара останува подготвена да помогне во „воспоставувањето траен мир, стабилност и просперитет во нашиот регион“.

„Претходно делувавме како земја домаќин за директни разговори меѓу страните во конфликтот. Ние сме, како и досега, подготвени да дадеме сѐ од себе во ова прашање и да бидеме посредник….Украина, со цел да преземеме заеднички чекори со Русија дефинитивно треба да ја ублажи својата позиција“, рече Ердоган.