Путин изгубил врска со реалноста, оцени советникот на Зеленски по повод говорот на рускиот претседател
Денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин пред политичката и воената елита на земјата покажа дека тој изгубил контакт со реалноста, изјави Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во својот говор, Путин рече дека ќе ја продолжи „специјалната воена операција“ во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го разгорува конфликтот, поттикната од нејзиното погрешно верување дека може да ја победи Москва во глобална конфронтација.
– Тој живее во сосема поинаква реалност, каде што нема можност да се води дијалог за правдата и меѓународното право“, изјави за Ројтерс Михаило Подољак, пренесува БТА.
– Русија е во ќорсокак. Во најочајната можна ситуација. Што и да направи Русија, само ќе ја влоши својата ситуација, резимира Подољак.
Тој рече дека Путин е збунет и не ја разбира ситуацијата и предвиде дека тоа ќе доведе до повеќе тешкотии за Русија во блиска иднина.
– Ова значи дека хаосот и на бојното поле и внатре во Русија ќе расте, додаде Подољак.