ПУТИН НАЈАВИ ДЕКА ПОВТОРНО ЌЕ се кандидира за претседател! Познато и кога!

0

Рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата кандидатура за претстојните избори .

Оваа вест Путин ја соопшти за време на неформалниот разговор со учесниците на доделувањето на наградата „Златна ѕвезда“.

Еден ден претходно, Советот на Федерацијата ги закажа претседателските избори за 17 март 2024 година.

Владимир Путин

Шефот на Централната изборна комисија Ела Памфилова изјави дека изборите ќе траат три дена – од 15 до 17 март.

Според неа, овој формат веќе станува традиционален за рускиот изборен систем. Таа потсети дека за првпат се користеше тридневно гласање за време на пандемијата за да се обезбеди безбедност на граѓаните.