СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ГО СЛЕДИ ЕРДОГАН! Два метри висок човек не го тргаше погледот од турскиот претседател! 

Безбедносните мерки во Атина за време на седумчасовниот престој на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турската делегација беа на високо ниво. Ангажирани беа полициски службеници од речиси сите служби за да спречат какви било непредвидени настани.

Сепак, внимание привлече висок човек од личното обезбедување на претседателот Ердоган.

Како што пренесуваат грчките медиуми, таму имало телохранител висок два метри кој не го тргал погледот од турскиот претседател од првиот момент кога слетал на аеродромот „Елефтериос Венизелос“.

Според информациите, ЕЛАС издала 47 дозволи за оружје за посетата на Ердоган, од кои 16 се однесуваат на безбедноста на Реџеп Таип Ердоган.

Снајперисти беа стационирани на клучните локации во Претседателската палата, а проверките беа вршени од специјално обучени кучиња до непосредно пред пристигнувањето на Ердоган во Херодос Атика за неговата средба со Катерина Сакеларопулу и Киријакос Мицотакис.