РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН Е СТАРО-НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТУРЦИЈА! Симпатизерите на ‘модерниот султан’ ги преплавија улиците на Анкара и Истанбул – се слави и во другите делови на државата

0

Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на здружената алијанса Кемал Киличдаролу.

Останаа да се пребројат уште 2,88 отсто од гласовите. Предноста на актуелниот претседател на Турција се чини дека е недостижна. Тој има 52,21 отсто од гласовите, а кандидатот на опозицијата 47,79 отсто. Поддржувачите на „модерниот султан“ веќе лесно ја слават победата низ улиците на Истанбул и другите турски градови.

Пребројувањето на гласовите на дијаспората се одвива нешто побавно од броењето во Турција. Во моментов се преброени 246.711 гласови.