Родителите на момчето-убиец од „Рибникар“ ги тужела и ранетата наставничката по историја, која смета дека тие се единствените виновници!
Татјана Стевановиќ, која беше тешко повредена во масакрот што го изврши ученик во ОУ „Владислав Рибникар“, покренала постапка пред парничниот оддел на Вишиот суд во Белград против неговиот татко и мајка, пренесуваат српските медиуми.
Наставничката по историја Татјана Стевановиќ , која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, поднесе тужба за нематеријална штета до парниот оддел на Вишиот суд во Белград против таткото и мајката на момчето-убиец што го изврши злосторството.
Наставничката, чии лекари се бореле за нејзиниот живот по масакрот, ги тужи родителите на убиецот, кој во моментот на злосторството имал 13 години, поради претрпената физичка болка и страв, намалување на животните активности, како и како изобличувањето, како последица од раните што ги добила кобниот ден.
Лошо воспитување
-Тужбата е поднесена против родителите на момчето-убиец затоа што тие не одговараат за делото што го сторил, туку одговараат за штетата што ја предизвикало малолетното дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители. Во прилог на наводите за тужбата на наставничката против родителите, се наведува дека таткото го однел малолетникот на стрелиште и го обучил да пука , а мајката знаела за тоа .
Да потсетиме, веќе се водат две правни постапки против родителите на момчето, како и основното училиште каде се случило злосторството, покренати од семејствата, односно родителите, браќата и сестрите на повредените деца и обезбедувачот. Наставничката по историја не го тужела училиштето бидејќи смета дека одговорност на оваа образовна институција не постои и дека „исходот би бил ист и со највнимателен надзор во училиштето“.
-Во тужбата било предложено на професорката да и биде досуден износ за претрпената штета, на товар на родителите на малолетникот . Според неофицијални информации, Татјана Стевановиќ, која допрва треба да биде оперирана и се уште се опорава