Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо (42) повторно ќе игра фудбал откако потпиша за Порчинос ФК кој настапува во шпанската кралска лига.
Роналдињо повторно ќе игра во Барселона, но не на стадионот „Камп Ноу“, туку во малата Купра Арена. Тој ќе биде 12. играч на екипата на Порчинос ФК, која ќе игра против ПИО ФК.
Лигата на кралевите е основана од поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике и популарниот стример Ибаи Љанос, а преносите на натпреварите се достапни ширум светот. Лигата има неколку спонзори, а просечната публика е повеќе од 7 милиони.
Пред Роналдињо на натпреварувањето се приклучија и познатите фудбалери Чичарито и Серхио Агуеро.