Роналдо ја купи компанијата која ја тужел 11 пати и со првиот потег ги шокирал вработените

Кристијано Рондалдо ја презеде медиумската компанија Кофина Медиа за 57 милиони евра. Секој вработен во компанијата, која вклучува бројни списанија и водечката мрежа CMTV, доби бонус лично од Роналд. Секој работник добил чек од 1.250 евра. „Вработените добија известување по мејл во врска со исплата на бонуси. Тоа е знак на благодарност до сите кои се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.

Новинарите од Кофина Медиа често имале задача да го следат приватниот живот на Роналдо, а тој ги тужел 11 пати. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги задржи сите работници: „Единствената промена е поврзана со името. Сега ќе се вика Expressao Livre. Засрамени сме од се што се случи, но никој не се плаши од губење нивните работни места“.

“Знаеме дека често сме го малтретирале, со или без причина, но тој ја разбира нашата работа. Спортските новинари имаат особено среќа. Секој кој мисли дека Роналдо ќе отпушти некого, греши”, рекол еден од вработените.