Русите испратија авиони и хеликоптери на ,,Група 13″ – Украинците објавија видео од уништувањето на 2 брода на Крим со поморски дронови (ФОТО/ВИДЕО)

Украина објави видео од уништувањето на еден бродски магацин и два руски воени брода на Крим.

Во соопштението на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, во кое се објаснува видеото објавено на социјалните мрежи, се наведува дека акцијата била спроведена синоќа.

– Специјалната единица ГРУ „Група 13“ со помош на украинските поморски нападни беспилотни летала Магура В5 успешно го нападнаа бродското складиште на Русија во окупираниот Крим – се наведува во публикацијата и се додава дека руските сили одговориле со подигање воени авиони и хеликоптери. .

Magura V5, дрон

Николај Лукашенко, кој руските власти го назначија за министер за транспорт на Крим, објави дека при нападот извршен синоќа бил цел и пристанишниот град Керч.

Тој изјави дека во нападот биле оштетени два транспортни фериботи.

На локалните канали Телеграм беше објавено дека локалните жители слушнале до 20 експлозии во областа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила осум ракети со долг дострел ATACMS, кои на Украина и’ ги доставила Америка, како и осум беспилотни летала.