Само 3 месеци беше во брак со Карлеуша! Бојан Кариќ раскажа сè за разводот co Јелена, а еве што се случи со предбрачниот договор (фото)

Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ држат неславен рекорд на естрадата бидејќи се разведоа во март 2005 година по само три месеци брак. Во јавноста долго време се шпекулираше за причините за пропаѓањето на љубовта, но поранешните сопружници никогаш отворено не проговорија за тоа. Од информациите кои кружеа, Бојан само потврди дека за неколку дена биле завршени правните формалности, а бурмата ја извадил веднаш штом се развел и дека тогаш донел одлука повеќе никогаш да не разговара со поранешната сопруга. .

Синот на Сретен и Славица Кариќ само еднаш зборуваше за разводот и тоа во интервју за ,,Глорија”. На почетокот истакна дека планирал да го помине животот со Јелена Карлеуш.

-Немаше да ја оженам ако не ја сакав. Сè беше добро додека не се случија некои работи. Што и да се случи, се случи, ставив крај и го живеам мојот живот.

На прашањето дали е разочаран, тој одговори:

‒ Не, две години поминати со неа ми беа добри и не се каам. На почетокот ми беше тешко, не можев да разберам некои работи, но потоа се помирив со сè што се случуваше. Ја преболив и сега живеам одлично. Среќен сум, излегувам, работам и уживам. Кога ставам крај на нешто, одам и никогаш не се враќам. Сега продолжувам понатаму.

Додека биле во брак, кој не траел долго, тој живеел со Јелена во станот од кој и двајцата се иселиле по разводот.

‒ Сега живеам во друг стан. Тоа е привремено, додека не се доврши куќата. Реновирањето го започнавме во брачна идила, планирајќи деца, но јас го прекинав сето тоа и предизвикав главоболки на архитектот и дизајнерот на ентериер, бидејќи сега ќе биде поергенски, поопуштено и повесело – откри Бојан Кариќ и демантираше дека Јелена потпишала предбрачниот договор пред свадбата со кој се обврзува да не бара ништо од имотот.

‒ Немаше договор бидејќи немаше причина. Немам ништо на мое име. Сè е на татко ми и чичковците. Доволно е што земам голема плата, живеам добро и имам сè што ми треба. Жена што ќе се омажи за мене, за да добие куќа од татко ми, треба да биде мажена за мене некое време, да роди барем две деца. Логично е, така сум воспитан. Не може да добие куќа и да замине по три дена. Ако е со мене, навистина има сè. Јелена тоа го имала и порано, а може многу да заработи и сама, па тоа прашање не е логично.

Како што е познато, Бојан Кариќ ја најде емотивната и семејна среќа со Маша Николиќ со која се ожени во 2009 година, а ги добија близначките Теодора и Тара.