Светот троши на воена опрема како никогаш досега

0

Глобалните воени трошоци достигнаа нов врв во 2022 година, објави Институтот за мировни истражувања SIPRI со седиште во Стокхолм, наведувајќи дека станува збор за раст на трошоците прилагодени според инфлацијата од 3,7 отсто, односно за овие цели се потрошени 2,24 илјади милијарди американски долари.

Во 2022 година, европските земји забележаа најголем раст на потрошувачката во последните 30 години поради руската агресија врз Украина.

„Воените расходи во земјите од Централна и Западна Европа изнесуваат 345 милијарди долари. Реално, потрошувачката на овие земји за прв пат ја надминува потрошувачката од 1989 година, на крајот на Студената војна и е за 30 отсто поголема од онаа во 2013 година“, се наведува во извештајот на СИПРИ на својата официјална веб-страница.

На глобално ниво, веќе осма година по ред земјите во светот продолжуваат да издвојуваат повеќе пари за војската од претходната година.Институтот SIPRI очекува дека овој тренд ќе продолжи и во наредните години, со оглед на моменталната безбедносна состојба.

САД на врвот на листата

Убедлив лидер во трошењето и понатаму се САД, а потоа следат Кина и Русија, кои поради војната скокнаа од петто на трето место на листата на земји со најголеми воени трошоци.

Украина забележа пораст од 640 проценти и сега е рангирана на 11-тото место, откако беше рангирана на 36-то место претходната година. Германија останува седма по пораст од 2,3 отсто.

Годишниот извештај на SIPRI се смета за најсеопфатна база на податоци во светот за воените трошоци на земјите, која ги вклучува трошоците на земјите за персонал, воена помош и воено истражување и развој.