Светските лидери очи в очи! Местото на средбата сè уште е тајна – по средбата со Зеленски, турскиот претседател ќе се сретне со Путин!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин по денешниот разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски, објави турската телевизија „Абер“.

Како што јави оваа телевизија, средбата нема нужно да се одржи во Турција, но таа ќе биде лице в лице, пренесе ТАСС.

Турскиот весник Хуриет претходно објави дека Ердоган повторно ќе му ги понуди на Зеленски неговите услуги како посредник за мировно решение меѓу Москва и Киев за време на средбата.

На дневен ред ќе биде размената на воени заробеници меѓу Русија и Украина, а двајцата лидери ќе разговараат и за продолжување на договорот за жито по истекот на 17 јули.

Речиси на секој меѓународен состанок, Ердоган нагласува дека Турција е единствената земја која води дијалог и со Русија и со Украина, спроведува иницијативи за решавање на итните прашања и ќе продолжи да води урамнотежена политика, наведува агенцијата.