„СЕДАМ НА ПРЕМИЕРАТА A ВО РЕДOT ПРЕД МЕНЕ РЧИ БИЛ КЛИНТОН “ Актерката откри ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ за поранешниот американски претседател

Актерката Гвинет Палтроу неодамна гостуваше во емисијата „Hot Ones“, чиј водител беше Шон Еванс . Концептот на емисијата е дека познатите луѓе јадат зачинети пилешки крилца додека водителот ги интервјуира.

Во епизодата во која гостуваше Палтроу, Еванс ја праша за гласините дека тогашниот американски претседател Бил Клинтон заспал на премиерата на нејзиниот филм „Ема“ , која се одржа во Белата куќа во 1996 година.

Успешната актерка избра интересни зборови за да одговори на прашањето на Еванс, пишува New York Post.

Бил Клинтон

– Точно е, рчеше токму пред мене. Во тоа време мислев: „Одлично, ова ќе биде хит филм“, но на крајот тоа беше поради Бил Клинтон“, рече Палтроу со насмевка.

Во споменатиот филм, таа ја игра Ема Вудхаус, млада Англичанка од 19 век, која се фокусира на спојување на нејзините пријатели со романтични партнери. Филмот стана хит на бокс офисот, заработувајќи речиси 40 милиони долари ширум светот со продукциски буџет под осум милиони. Доби две номинации за Оскар – едната за костимографија, а другата за музика.