СЕ БУДЕТЕ НАУТРО, А ПРИТИСОКОТ ВЕЌЕ ВИ “ЛЕТНАЛ ДО НЕБО“ – Овие три чаеви веднаш го намалуваат, го зголемуваат имунитетот и имаат ‘волшебно’ дејство

Секој втор Македонец боледува од хипертензија, висок крвен притисок. Промената на нездравите навики и воведувањето урамнотежена и здрава исхрана е првиот чекор кон нормализирање на симптомите на хипертензија. Покрај лековите кои треба да ги препише докторот, постојат и природни начини за намалување на високиот крвен притисок.

Еден од нив е пиењето чај, но не каков било чај! Студија од 2019 година покажува дека активните состојки во чајот можат да ги релаксираат крвните садови, да ја подобрат артериската функција, да го намалат воспалението и да помогнат во регулирањето на одредени процеси во телото кои влијаат на крвниот притисок.

Еве неколку чаеви кои можат да ви помогнат во тоа, пренесува Healthline:

1.) ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА – Чајот направен од суви цветови од камилица благотворно делува на организмот, го опушта и има антиинфламаторно дејство, а делува и како антиоксиданс. Шолја чај од камилица пред спиење ќе ве опушти и ќе ви помогне полесно да заспиете.

2.) ЗЕЛЕН ЧАЈ – Зелениот чај е многу популарен во светот. Не само што е одличен за намалување на хипертензијата, туку помага и за зајакнување на имунолошкиот систем, го регулира крвниот притисок и шеќерот, го чисти телото од токсини и превентивно делува на дебелината. Студија спроведена во Кина во 2023 година покажа дека потрошувачката на зелен чај, воопшто, без оглед на тоа колку и каде, е поврзана со намалување на крвен притисок.

3.) ЧАЈ ОД ХИБИСКУС – Чајот од хибискус содржи компоненти кои помагаат во зајакнувањето на малите крвни садови, го намалуваат нивото на лошиот холестерол, имаат антибактериско дејство и имаат корист за функционирањето на црниот дроб и панкреасот. Студија од 2019 година сугерира дека редовното консумирање чај од хибискус е поврзано со скромни, но значителни ефекти за намалување на крвниот притисок, што го прави популарен избор како природен лек за хипертензија. Сигурно не треба да претерувате, две шолји од овој чај дневно се сосема доволни.