УЖАС НА НАТПРЕВАРОТ ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ЛАЈПЦИГ – Навивач паднал од трибината и со главата удрил директно во бетон: Докторите се борат за неговиот живот

Навивач на Црвена Ѕвезда, М.Л. (43 г.), паднал од трибините директно на бетонот на синоќешниот натпревар против Лајпциг, дознаваат и пренесуваат српските медиуми. 

Навивачот се здобил со тешки телесни повреди и моментално, според информациите на Telegraf.rs се наоѓа во Ургентниот центар во Белград и е во критична состојба.

Според неофицијални информации, М.Л. при навивање се лизнал, паднал и со главата удрил во бетон.

Екипата на итната помош веднаш го пренела во болница, а се здобил со тешка повреда на главата.

За случајот било информирано и обвинителството кое отворило истрага за овој случај.

За потсетување, натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ заврши со резултат 2:1 во корист на германскиот клуб. Стрелци од популарните „Бикови“ беа Чави Симонс и Лоис Опенда. Србите ја намалија предноста на гостите со автоголот на Бенџамин Хенрикс.