Се обидел да го премине Пацификот, го спасила морнарицата: Овој авантурист не можел да му се спротивстави на АЛФРЕД, вклучил аларм
Литванскиот авантурист Ауримас Мокус беше решен да го премине Тихиот Океан, од Сан Диего во јужна Калифорнија до Бризбејн во источна Австралија, но беше принуден да се откаже.
Колку и да се трудел да помине 12.000 километри со својот брод и да се приклучи на малата група луѓе кои успеале во овој подвиг, тој морал да го признае поразот пред суровата природа.

На пат кон циклонот
Мокус тргна на патување полно со неизвесност минатиот октомври, веслајќи по 12 часа дневно, пишува 24ur.com.
Сепак, наиде на проблеми на околу 740 километри од брегот на Мекеј, Западна Австралија, што е речиси 1.000 километри од неговата дестинација.
Литванецот се најде на патот на тропскиот циклон Алфред , кој се прогнозира да ги погоди Квинсленд и Нов Јужен Велс во наредните денови.
Морнарицата дојде на помош
Храбриот авантурист се обидел да се справи со налетите на ветрот со брзина од 95 до 130 км/ч, кои како гранче му го фрлале чамецот, но на крајот морал да ги вклучи алармите.
Тој се пријавил во петокот, но добил помош во понеделникот, кога во раните утрински часови бил извлечен од брод на австралиската морнарица. Така заврши речиси петмесечната авантура на Мокус, но барем без последици.
Овој подвиг првпат го направи Британецот Питер Бирд во 1983 година, а го повтори неговиот сонародник Џон Бајден во 2015 година. Списокот беше продолжен во 2023 година, кога Австралијката Мишел Ли веслаше преку океанот.