СЕ ОГЛАСИЈА ОД МВР ЗА МАЈКАТА НА МОМЧЕТО УБИЕЦ ОД РИБНИКАР: Зошто сакаше да ја напушти државата, еве што се случи на граница
Мајката на момчето кое уби девет негови врсници и обезбедувач вчера била сопрена и вратена на преминот Прохор Пчињски.
Мајката на момчето (13) кое е одговорно за масакрот во основното училиште „Владислав Рубникар“, вчера се обидела да ја помине границата преку преминот Прохор Пчињски, но, како што дознава Курир, веднаш била запрена и вратена назад, откако со неа бил извршен разговор.
„Мајката на момчето и нејзината ќерка се вратени од граничниот премин бидејќи истрагата против мајката е во тек, а целиот имот им е привремено блокиран“, беше кажано за српски Курир.
Иако мајката го известила Центарот за социјална работа, полицијата не била информирана за нејзиното заминување од државата и затоа била вратена од граничниот премин. Министерството за внатрешни работи ќе бара, а допрва ќе биде изречена забрана за напуштање на територијата на Србија или градот Белград.
На мајката не и е забрането да ја напушта земјата на живеење, но против неа е во тек истрага и таа мора да биде на располагање на истражните органи во секое време. Семејството на момчето убиец го тужеа и родителите чии девет деца беа убиени во масакрот.
Од немилиот настан, таткото на момчето е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело против општата безбедност бидејќи, како што се сомнева, го обучувал својот малолетен син да пука во стрелиштето и не го обезбедил соодветно сефот во кој се чувале пиштолите, за кои има дозвола.