Се повлекуваат чоколадите „Милка“ во Хрватска: Можно присуство на парчиња пластика!

Како мерка на претпазливост, компанијата „Mondelēz International“ го повлекува својот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мало парче пластика.

Како што се наведува понатаму, ниту еден друг производ на споменатата компанија, ниту некој друг производ од палетата на брендовите Милка и ОРЕО, не биле засегнати со овој случај.

Станува збор за производот Milka Oreo Bar (37g), со рок на употреба 18.8.2024 година, а на пакувањето втиснат специфичниот ЛОТ број OSK0934652.

Компанијата ги повикува сите потрошувачи кои го купиле овој производ на хрватскиот пазар да не го консумираат, туку да се обратат во продавницата од каде што е купен производот со приложената сметка за враќање на средствата.