Се породи Адријана Кадар! Братот на Теодора Џехверовиќ објави слики од породилната сала – гордите родители плачат од среќа! (фото)

0

Снаата на Теодора Џехверовиќ, Адријана Кадар се породи и роди девојче. Адријана и Сава Џехверовиќ решија својата наследничка да ја крста4 Дорота.

Името Доротеа по потекло е од грчко потекло. Формирана е од грчките зборови „дорон“ што значи дар и зборот „теос“ што значи Бог. Значењето на името е „Божји дар“.

Сава цело време бил со Адријана во породилната сала. Тој ги завршил сите потребни тестови пред породувањето за да му биде дозволено да присуствува во салата.

Сава и Адријана објавија емотивни слики на кои се гледа како плачеле кога за првпат ја зеле Доротеа во раце.

– Немам сила да пишувам многу. Денеска ја доживеав најголемата среќа во мојот живот. Искуството е неописливо, а емоциите само еднаш во животот. Толку многу сакав да присуствувам на пораѓањето и заедно да и’ посакаме добредојде на нашата Доротеа на светот. Желбата ни се исполни во последен момент затоа што Господ така сакаше. Мојата сопруга беше херој денес и јас сум горд на неа. Адријана, ќе бидеш најдобрата мама на светот – напиша Сава на својот Инстаграм профил во описот на фотографиите.