ТРУЕЊЕ ВО СРБИЈА – Татко и син (2 г.) испиле солна киселина: Момчето завршило на интензивна нега, а животот на мажот е во голема опасност

Татко и 2-годишно момче претходниот ден под неразјаснети околности се отруле со солна киселина во српскиот град Пирот, по што биле префрлени во Клиничката болница во Ниш, јавуваат српските медиуми.

Таткото е во животна опасност, додека детето е стабилно и не е во животна опасност, пишуваат соседните медиуми.

Пациентот М.Ј., роден 1995 година, е хоспитализиран на Одделот за интензивна нега на Клиниката за ендокринологија на Универзитетската болница Ниш. Тој бил примен со тешки корозивни промени во хранопроводникот и желудникот, предизвикани од пиење солна киселина. Извршени се сите дијагностички процедури и ја прими целата терапија според протоколот. Во моментов неговите витални параметри се стабилни, свесен е, но поради степенот и видот на повредите се смета дека е во животно загрозувачка состојба“, соопштиле за Blic.rs од болницата во Ниш.

Неговиот 2-годишен син е згрижен на Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести УКЦ (Универзитетски клинички центар) Ниш, каде цел тим доктори постојано ја следи неговата здравствена состојба.

Момчето моментално е витално стабилно и ја прими целата терапија според протоколот. Поради специфичноста на повреди-изгореници и корозивни промени на кожата на лицето и устата, докторите во наредните денови ќе одлучат за понатамошните процедури и текот на лекувањето“, велат за Blic.rs од Универзитетската болница Ниш.