СЕ ШИРИ ПОЖАРОТ КАЈ НЕГОТИНСКО ДУБРОВО – Гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, а жителите се надеваат дека дождот ќе помогне

Се шири пожарот кај неготинско Дуброво, а го гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА.

Според вонредната информација од РЦУК – Велес, од ТППЕ Неготино во 17:25 часот биле известени за пожар на отворен простор во атарот на село Дуброво, каде горела сува трева и шума.

Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца пожарникари и едно возило џип“, се вели во вонредната информација до МИА.

Неготинци се надеваат дека дождот што почна да паѓа во градот пред некое време, ќе им помогне на пожарникарите да го изгаснат пожарот.