ГОЛЕМ ПРИТИСОК ВРЗ ЏО БАЈДЕН – На Израел не му останува уште многу време, САД е на прагот да донесе нова одлука !?

Во услови на израелската војна против Хамас, американските медиуми наведуваат дека се зголемува притисокот во Вашингтон да се повика на прекин на огнот и да се дистанцира САД од настаните во Појасот Газа.

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се соочува со зголемен притисок во Вашингтон да го промени текот на израелската војна против терористичката група Хамас во Појасот Газа и јавно да повика на прекин на огнот, објавија денес американските медиуми.

Како што објави CNN, највисоките функционери на администрацијата на Џо Бајден се повеќе го предупредуваат Израел дека ќе станува сè потешко да се оствари целта на Тил Авив за соборување на Хамас во Појасот Газа, каде групата е на власт од 2007 година, и дека имаат ограничено време да го сторат тоа со целосна поддршка од САД.

Times of Israel цитира неименувани извори кои велат дека блиските советници на Џо Бајден веруваат дека може да поминат неколку недели пред Белата куќа да биде принудена да повика на прекин на огнот.