ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Веќе 29 денa учесниците на натпреварот се ‘борат’ за победа во лежење во Црна Гора, останаа петмина

Веќе 29 дена учесниците на натпреварот во лежење во етно селото Брезна во Црна Гора се борат за победа, од нив останаа пет.

Миќо Благојевиќ, еден од организаторите, рече дека натпреварувачите се чувствуваат добро и го поминуваат времето во дружење.

„Тоа e психолошки натпревар, а учесниците се интересни личности. Тие се одличен тим и некои пријателства ќе останат“, рече тој.

Тој додаде дека натпреварувањето во лежење е забавно, дека нема тешки правила и дека тоа е еден вид преродба. Натпреварувачите препорачуваат сите да легнат барем еден ден, да не се движат, да останат сами и да размислуваат за животот.

Ова е 12-та година како се организира овој натпревар. Многу учесници се откажаа поради лични обврски. За награда вредна 1.000 евра моментално се борат три жени и двајца мажи.

„Еден од фаворитите е момче од Крушевац. Би било апсурдно да победи, да ја земе титулата што до сега им припаѓаше на Црногорците“, низ насмевка изјави Благојевиќ. На почетокот на овој предизвик учествуваа 21 натпреварувач.